понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 69
home Музика

Клубски настап на Гоца Тржан во Скопје

Клубски настап на Гоца Тржан во Скопје

Среда е одличен ден за дружба со најблиските, а во музичкиот бар Интермецо, средата е резервирана за концерти од познати музички имиња. Посетителите можат да уживаат во приватен амбиент со ограничен број на гости и одлична музичка програма. Оваа среда, 1-ви декември 2021 година, на наше задоволство е настапот на неверојатната Гоца Тржан. Освен по многубројните хитови кои ни се добро познати, Гоца е позната по својата музичка позитивна енергија која ја шири на нејзините настапи.

Бројот на влезници е ограничен затоа што и овој настан ќе биде организиран според сите пропишани прописи и протоколи, односно со целосно почитување и применување на препораките на МЗ и на соодветна социјална дистанца. Влезниците се веќе пуштени во продажба, а места ќе има само за најбрзите, затоа побрзајте и резервирајте го вашето место и имајте една среќна, забавна и опуштена среда.

Коронавирус