вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Музика

„Километри“ на Лозано украдена од косовски пејач – се натпреварувал на фестивал! (ВИДЕО)

„Километри“ на Лозано украдена од косовски пејач – се натпреварувал на фестивал! (ВИДЕО)

Косовскиот пејач Кораб Шаќири ја украл музиката од песната „Километри“, еден од најголемите хитови на популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано.

Шаќири со песната на композиторите Лазар и Магдалена Цветковски се натпреварувал на најреномираниот албански фестивали во Албанија – „Kenga Magjike“.

За срамот да биде уште поголем за пејачот од Косово, е тоа што во описот на песната стои дека токму тој и извесен Флорент Бошњаку се автори на оваа нумера.

„Феномен“ е насловот на албанската песна и ѐ објавена на официјалниот канал на Јутјуб на фестивалот.

Слушнете ја „Феномен“ на Кораб Шаќири!

Направете споредба и слушнете ја оргиналната нумера на Лозано: