среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 0
home Музика

Карантин концерт на музичари од Балканот: „Од пријател до пријател“ свирка за сите (ВИДЕО)

Карантин концерт на музичари од Балканот: „Од пријател до пријател“ свирка за сите (ВИДЕО)

Музичари од Македонија, но и од регионот (Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија) одлучија креативно да го исполнат времето кое го минуваат во изолација и повторно да ја поздрават публиката.

Вчера во 19:30 на ЈуТјуб и Фејсбук беше одржан мини концерт „Од пријател до пријател” , а целта на соработката на музичарите е на публиката ширум Балканот, но и светот да им се пренесе позитивна порака преку песна и дружба и да се докаже дека музичарите се тука за својата публика.

Иницијативата ја покрена нашиот магионичар и вокал на група Реквием, Гого (Георги Гавровски) кој веднаш доби позитивна реакција од неговиот колега Роберт Пирнер (поранешен член на Реквием) од Нови Сад кој што веќе долг период свири со неговиот бенд Експлозив и живее во Србија, па започнати беа и првите проби.

Меѓу музичари кои прв излезе во пресрет беше и Петар Младеновски, познат како Пеце Суперхикс. Тука е и Урош Вељковиќ, тапанарот на Стил Темпл, Жарко Јакимоски вокалот на групата Бекдор.

Нов карантин концерт се најавува за скоро, а до тогаш уживајте во вчерашниот.

Коронавирус