недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Музика

Каква почит: Концертот на Стинг ќе почне еден час подоцна, поради финалето на Вардар

Каква почит: Концертот на Стинг ќе почне еден час подоцна, поради финалето на Вардар

Место во 21 часот, како што беше најавено, концертот на светскиот музичар Стинг на Градскиот стадион утревечер, ќе започне во 22 часот.

Поради настапот на Вардар на фајнл-фор турнирот во Келн и тоа што македонскиот шампион во ракомет ќе игра во финалето од Лигата на шампионите, организаторот, Авалон продукција го помести терминот. „Влатко Стефановски трио“ како специјални гости, ќе настапат од 20,30 часот.

Финалето во Лигата на шампионите почнува во 18 часот, а доколку Вардар се бори за првото место луѓето кои имаат купено билети за Стинг ќе можат на раат да го изгледаат натпреварот па да се упатат кон стадионот.

Светската ѕвезда Стинг (67) во Скопје ќе го има единствениот стадионски концерт од турнејата низ регионот „My songs“.

Стинг по втор пат го стави Скопје на мапата на својата турнеја низ регионот „My songs“. „Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни кои што ќе можат да се слушнат вечерта во Скопје, во изведба на една од најголемите рок ѕвезди на светот на сите времиња.