понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 0
home Музика

Каква награда следува за победникот на Евровизија?

Каква награда следува за победникот на Евровизија?

Колку пари доби победникот на Евровизија? – е прашање кое вчера повторно стана актуелно. Одговорот е – ниту еден денар.

Милиони фанови го следеа финалето на Евровизија во саботата, во кое Италија ја понесе победата по 31 година. Бендот „Måneskin“, предводена од пејачот Дамиано Давид, стана светска атракција преку ноќ, а фотографиите на кои позираат со стаклениот евровизиски трофеј и пијат шампањ ги преплавија медиумите.

Паралелно со дискусијата за тоа дали пејачот земал кокаин за време на директниот пренос и љубовниот статус на Дамиано, следеше прашањето со колку пари популарните Италијанци ќе го завршат ова шоу. Има смисла, знаеме колку се вложува во тој спектакл секоја година, па која е наградата тогаш?

Според официјалната веб – страница на Евровизија, победникот носи дома стаклен трофеј, а авторите на песната добиваат помали реплики. Трофејот беше специјално дизајниран за овој настан во форма на микрофон од педесеттите години.

Покрај тоа, земјата од која доаѓа победникот ја добива честа да го организира следниот Евросонг. И тоа е тоа.

Британскиот весник „Metro“ пишува дека идејата на Евровизија е победникот да заработи пари со славата што ја стекнува на тоа натпреварување. Пример за победа која им донела многу пари и успех по евровизиските настапи се групата „ABBA“ и пејачката Селин Дион.

ЕУРО 2020

Македонија