сабота, 22. септември 2018. Вести денес: 57
home Музика

Јелена Розга конечно има „Најдобар ден“ (ВИДЕО)

Јелена Розга конечно има „Најдобар ден“ (ВИДЕО)

По дискографската пауза, која траеше скоро година и половина, со нова песна и висдеоспот  на естрадната сцена се враќа хрватската поп дива Јелена Розга (40)!

Синглот  „Најдобриот ден“ е долгоочекуваната песна што популарната сплиќанка и ја претставува на публиката по враќањето од успешната австралиска турнеја.

„По безброј настапи, несебичното давање себеси на публиката, пријателите и љубовта, јас зедов некое време за она што најмногу го з анемарив – себе. Полна со позитивна енергија, по прекрасната и рекордна турнеја низ Австралија, се разбудив и си реков: “Ова е мојот најдобар ден”. И затоа  морам да го споделам со вас и со целиот свет. Ве сакам,  сакајте се “ – напиша Розга, по повод објавувањето на новата песна и видеото за неа.

Музиката и стиховите се на нејзините проверени  соработници – брачната двојка Тончи и Вјекослава Хуљиќ, додека видеото го потпишува режисерката Сандра Михаљевиќ.

Како звучи кога хрватската поп кралица пее за својот „Најдобар ден“ и како тој изгледа, проследете во видеото што следува: