четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 169
home Музика

ЈА СОБЛЕЧЕ ВОЈНИЧКАТА УНИФОРМА И ДОЈДЕ НА ЕВРОВИЗИЈА – по големиот домашен скандал тие ќе пеат за Украина, важат и за фаворити (ВИДЕО)

ЈА СОБЛЕЧЕ ВОЈНИЧКАТА УНИФОРМА И ДОЈДЕ НА ЕВРОВИЗИЈА – по големиот домашен скандал тие ќе пеат за Украина, важат и за фаворити (ВИДЕО)

Украинските претставници на Евровизија 2022 важат за фаворити во евровизиските обложувалници и тие во Торино се вистинска сензација каде и да се појават.

Изборот за претставник за Евровизија 2022, во Украина се одржа во февруари, а беше проследен со скандали.

По ова следеше руската инвазија врз земјата, по што беше неизвесно дали воопшто претставниците на Украина ќе имаат можност да настапат на сцената во Торино.

На националниот избор за песна на Евровизија што се одржа на 12-ти февруари годинава победничка беше пејачката Алина Паш со песната Shadows of Forgotten Ancestors.

Сепак, таа беше дисквалификувана поради тоа што во јавноста излегоа информации дека во 2015-та година нелегално била во посета на Крим, а покажала фалсификуван сертификат за враќање, што не бил издаден од граничните служби.

Откако властите потврдија дека никогаш не ѝ издале таков документ, Алина самата одлучи да се повлече од настапот на Евровизија, по што второпласираните на националниот избор Kalush Orchestra со нивната песна Stefania беа избрани за да одат на Евровизија 2022.

Според евровизиските обложувалници украинските претставници Kalush Orchestra во моментов важат за фаворити и се наоѓаат на прво место пред Италија, Шведска, Обединетото Кралство и Грција.

Kalush Orchestra е рап група формирана во 2019-та година, во која учествуваат Олег Псиук, Ихор Диденчук и МЦ Килимен, а нивната песна „Стефанија“ е мешавина од рап музика со фолк мотиви.

Песната „Стефанија“ е посветена на мајката на Олег и таа самата за првпат имала можност да ја слушне истата за време на националниот избор во февруари. Тие на сцената ќе настапат во првата полуфинална вечер на 10-ти мај.

По руската инвазија, Олег Псиук во објава на Инстаграм рече дека еден член од групата бил во војската што го брани Киев.

Олег самиот бил  вклучен во хуманитарна организација што им помага на луѓето да најдат сместување, лекови и им помагал при евакуацијата.

Тој на својот Инстаграм профил бараше луѓето повеќе да се вклучат во тоа да се постигне мир во неговата земја и конечно „небото да се затвори“ иако до овој момент тоа не се случи.

Коронавирус