четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 85
home Музика

Грешка во гласовите на Евровизија– еве на кое место заврши Тамара

Грешка во гласовите на Евровизија– еве на кое место заврши Тамара

Иако Евровизија заврши минатата недела, Македонија се искачи едно место погоре во финалниот пласман. Имено, имало грешка во гласовите на белоуското жири, која ЕБУ сега ја исправи и Тамара наместо осмото, го освои седмото место.

Исто така, по исправањето на грешката, Македонија е прва според гласовите на жирото.

Ова попладнево го објави Тамара, која добила известување од ЕБУ.

– Каква прекрасна вест. ЕБУ само што потврди дека поради грешка во Белоруското гласање, нашата земја е всушност прва од жири и седма во финалето на Евровизија. Не можам да ви опишам колку сум среќна! Ве сакам сите! – напиша Тамара.