вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 146
home Музика

„Гравитациски бранови“ во рамки на фестивалот „Деновите на македонската музика“

„Гравитациски бранови“ во рамки на фестивалот „Деновите на македонската музика“

Во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“, Филхармонијата вечерва со почеток во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Гравитациски бранови“.

На концертот ќе прозвучат делата „Lamento per Macedonia“ од Ристо Аврмовски, Циклусот за гудачки оркестар „Езера“ од Панде Шахов, „Темпера 4“ од Тома Прошев, „Aurora Musis Amica Est“ од Горан Начевски и Циклусот за гудачки оркестар „Акварел“ од Михаило Трандафиловски.

Делата на Шахов и на Трандафиловски на овој концерт ќе ја доживеат својата праизведба.

Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира маестро Сашо Татарчевски, а како солист ќе настапи Горан Начевски. (МИА)

Коронавирус