понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 1
home Музика

Голема разлика во гласовите: Да се прашуваше само публиката на Евровизија ќе победеше земјата која не е пласирана ниту во првите три!

Голема разлика во гласовите: Да се прашуваше само публиката на Евровизија ќе победеше земјата која не е пласирана ниту во првите три!

На овогодинешната Евровизија која се одржа во Израел, Тел Авив победи претставникот на Холандија Данкан Лоренс со песната „Arcade“, но да се прашуваше само публиката тоа не би било така.

Имено како што се објавија резултатите од гласањето на публиката од сите земји учеснички на Евровизија се покажа дека на гледачите најмногу им се допадна песната која не се најде ниту во првите три места.

Преку телеволтингот Норвешка добила дури осум 12-ки, земјата која ја претставуваше групата „Keiino“ со песната „Spirit in the Sky“ доби вкупно 291 поен од публиката.

Норвешка со комбинација од гласовите од публиката и стручното жири заврши на петтото место, што беше изненадување на вечерта.

Само една земја имаше повеќе 12-ки во финалето од публиката, а тоа е Русија која ја претставуваше Сергеј Лазарев, оваа земја доби дури 11, 12-ки, додека во првите три места се најде и Италија чии бои ги бранеше Махмуд.