среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 140
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Музика

ФОТО: Викендов се оддржа најомилениот детски фестивал „Поточиња 2022“

ФОТО: Викендов се оддржа најомилениот детски фестивал „Поточиња 2022“

Викендов, (18.06.2022 и 19.06.2022), во големата сала на Македонска Филхармонија, се оддржа 19-то издание „Поточиња 2022“. Сè уште се собираат впечатоци и со сигурност можеме да кажеме дека беше прекрасно, испеано, разиграно.

Како и секоја година, така и оваа, многу забава, игри, песни, дружба и подароци за публиката го одбележаа омилениот фестивал на најмилите и нивните родители.

Детскиот фестивал „Поточиња“ се издвојува во мноштво детски настани со својот концепт и содржина и дава можност децата да поминуваат квалитетно време благодарение на богатите, забавни, а истовремено едукативни и културни содржини.

Овогодинештното издание е најава и увод за следното издание кое ќе биде јубилејно (20-то) издание, за „Поточиња“

Новите песни со анимирани видеа и текст може да се слушаат и погледнат на јутуб каналот „Поточиња“.

Коронавирус