недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 178
home Музика

ФОТО+ВИДЕО: Згодната македонска пејачка Симона Поповска се враќа на сцената со нова песна

ФОТО+ВИДЕО: Згодната македонска пејачка Симона Поповска се враќа на сцената со нова песна

По пауза од скоро година и половина од музичката сцена, нашата позната пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска со нов сингл.

Причини за оваа пауза се остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола. Тоа е едно слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона.

Симона е несомнено една од најдобрите женски вокали на нашата сцена. До пред некоја година позната и како член на единственото денс дуо кај нас Саунд Месинџерс заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување.

Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов “Feel so good”. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска со текст на Рената Кралевска, во продукција на Ерик Фокс. Песната наскоро ќе се најде и на сите познати музички платформи како Spotify, Аppstore и тн…

Музичкото лирикс видео го изработи Зоран Зонде Стојановски.

Симона ни најавува уште неколку песни кои се очекуваат да излезат многу наскоро на македонски, а некои и на англиски јазик. Ова значи дека Симона ни најавува враќање на музичката сцена и нејзините настапи по локалите и клубовите.

Во продолжение погледнете го видеото за песната “Feel so good”:

Коронавирус