петок, 19. јули 2019. Вести денес: 59
home Музика

ФОТО: Шафран го снимија првиот видео запис

ФОТО: Шафран го снимија првиот видео запис

Се работи за песната „Дафино“ на која Шафран работеа подолго време а видеото го снимија на екстремни локации во селата Ореше и Богомила.

Музиката е на Тони Стевковски и Кирил Трајковски, вокали се: Христина Пецовска, додека текстот е на Кирил Трајковски, а режијата на Исток Чаповски.

Директор на фотографија е Борис Ралев, а костимите ги изработи Ирена Боневска и шминката е на Андријана Станковска.

Главната улога ја толкува Росица Кулакова, но за што станува збор останува да видиме на денот на премиерата најавена некаде средината на Март.

Целата видео продукција е под закрила на Зона М1 и Маријан Тасевски.