среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Музика

ФОТО: Христијан Мицкоски присуствуваше на концертот на Ерос Рамацоти

ФОТО: Христијан Мицкоски присуствуваше на концертот на Ерос Рамацоти

Во рамки на својата светска турнеја која започна во февруари оваа година, италијанскиот пејач Ерос Рамацоти вчера одржа и спектакуларен концерт во „А1 Арена“ во Скопје.

На концертот присуствуваше многубројна публика, како личности од светот на шоубизнисот, така и од областа на јавниот, културниот и политичкиот живот во Македонија.

Меѓу нив и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој заедно со негова сопруга Рози вчеравечер присуствуваа на концертот на големата италијанска ѕвезда, покажувајќи дека светските културно-музички вредности им познати и блиски.

Двојката уживаше во познатите хитови на еден од најдобрите вокали, а од таму си заминаа со позитивна енергија, воодушевени од атмосферата и она што како музичко-сценски перформанс го понуди италијанската музичка ѕвезда.

Инаку, Ерос Rамацоти исто така на концертот во Скопје го промовираше и најновиот студиски албум со наслов „Vita ce n’e“.

Извор: ВИСТИНА.мк