сабота, 15. декември 2018. Вести денес: 71
home Музика

„Фолк Фест Валандово“ повторно ќе се одржува во мај

„Фолк Фест Валандово“ повторно ќе се одржува во мај

Новото издание на „Фолк Фест Валандово“ ќе се одржи на 24 и 25 мај годинава, соопшти градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов на денешната прес-конференција.

– „Фолк Фест Валандово“, опстојува повеќе од три децении и претставува еден од најзначајните фестивали за фолк музика на Балканскиот Полуостров. Почетоците на фестивалот се од 1985 година. Досега на фестивалот имаат настапено најголемите македонски и балкански звезди од фолк музиката, а исто така се имаат испеано и најголемиот дел од македонските фолк хитови, рече градоначалникот Костадинов.

Поради вредносното значење на “Фолк Фест Валандово“, за македонската култура, како и поради неговото долгогодишно обезличување, одлучено е оваа година да се формира програмски совет кој ќе раководи со фестивалот и кој ќе биде составен од врвни професионалци од музичката фела.

Членови на Советот се професорот Живојин Глишиќ, пејачот Ефто Пупиновски, композиторот Методија Антовски и културниот работник Ѓоко Павлов.

Конкурсот за новокомпонирани композиции е продолжен денес и ќе биде отворен до 28 февруари.

Медиумски партнер на фестивалот како и досега ќе биде МРТВ.