вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Музика

Евровизиската претставничка на Кипар родила дете на 14 години

Евровизиската претставничка на Кипар родила дете на 14 години

Вечерва во 21 часот почнува првата полуфинална евровизиска вечер, а меѓу 17-те натпреварувачи кои настапуваат е и претставничката на Кипар, Тамта (38). Таа ќе ја пее песната „Replay“.

Тамта е родена и пораснала во Грузија, а на 14 години запознала 16-годишно момче за кое се омажила. Набрзо ја родила ќеркичката Ани, а се развела по 6 години брак. Во една прилика изјавила дека ќерката секогаш ќе ѝ биде на прво место.

„Ме прави горда. Првенствено сум мајка, а потоа сè останато. Мајка ми многу ми помогна околу Ани. Да не беше таа, немаше да успеам во сè.“, раскажала пејачката.