недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Музика

Еве каде е снимен спотот за „Нешто ќе те питам бабо“

Еве каде е снимен спотот за „Нешто ќе те питам бабо“

Пред неколку дена „Некст тајм“ ја промовираа својата најнова преработка која стана број еден хит во Македонија. Преработката на народната песна „Нешто ќе те питам бабо“ за кратко време доби 280 000 прегледи, а според платформата „youtube“ видеото е на место број еден од трендинг листата во Македонија.

Во интервју за Точка „Некст тајм“ ги откриваат локациите каде што е снимен спотот за нивната најнова преработка.

Спотот почна да се снима од јануари, февруари, имавме потешкотии со локациите затоа што е зима и работите не се баш така достапни. Цирипашина на Шар планина не е така едноставно да ја качиш во лето, не па во зима. Да донесеш 15 души екипа на врв на планина каде што времето е -30 речиси и дува ветер со 90 км на час.

Другите делови се снимаа во изградена просторија наменски за потребите на овој видео запис. Отворените сцени близу Свети Николе.