Оваа песна придружена со пијано е приказна за тоа како 17-годишната девојка конечно ја добила возачката дозвола.
Но, важната пригода е нарушена со скршено срце. Таа требало да го прослави успехот со своето поранешно момче кое ја оставило поради „постара русокоса“.
Тоа е деби хит на 17-годишната ѕвезда на Дизни, Оливија Родриго, која веќе ги освои музичките топ листи, како и социјалните мрежи.
Иако сме само на средината на јануари, песната многумина веќе ја нарекуваат хит на 2021-ва година.