понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 57
home Музика

Емотивна песна на пејачката Бојана Скендеровски: Тие се „круната“ на мојот живот (ВИДЕО)

Емотивна песна на пејачката Бојана Скендеровски: Тие се „круната“ на мојот живот (ВИДЕО)

По подолга пауза на македонската музичка сцена со нова песна се враќа и познатата пејачка Бојана Скендеровски или пак ако сакате и Атанасовска.

Малку повозрасната публика и тоа како знае за Бојана, која пред десет години беше можеби една од најакативните пејачки на домашната сцена. Особено ја паметат по нејзиниот мега-хит „Во дилема“, на кој се појавија и Роберт Билбилов и раперот Тони Зен.

Овојпат нешто сосема друго, нов музички правец за кој е заслужен еден од најдобрите композитори во нашата земја, Николче Мицевски.

„Круна“ е името на нејзината песна, за која како кажавме како автор се потишува Николче, додека пак текстот е дело на Сара Пројковска. Таа беше промовирана вчеравечер (среда) во живо на фејсбук-страницата на Бојана.

-Да бидам искрена не беше лесно да се избере песна, бидејќи ова е мое враќање на македонската музичка сцена ако може да се каже така и сакавме со Николче да биде нешто навистина одлично. Преслушав и доста други песни од други композитори, но највеќе верував дека ова е песната со која треба да се вратам, изјавува Бојана.

За песната Бојана сними и видеоспот на кој работеше професонална екипа од продукцијата „Скендеровски“, а истиот се снимаше на неколку локации во Скопје. Она што е интересно, што покрај Бојана во спотот се појавуваат и нејзините деца, ќеркичката Искра и синчето Ѓорѓи.

-Кога на моите најблиски им кажав дека името на песната е „Круна“, нормално првото прашање беше од каде името и какво значење има. Круна на мојот живот се токму моите две деца и поради тоа симболично со Николче го одбравме тоа име за песната, објаснува познатата пејачка.

Таа вели дека ова е само почеток, бидејќи нејзините планови се да биде повеќе активна во полето на музиката, но нема да се откаже и од нејзината втора љубов, а тоа е работата како водителка на музички емсии.

Погледнете и уживајте:

Коронавирус