вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 118
home Музика

Едни се согласуваат, други критикуваат: Оваа песна е прогласена за најсреќна во историјата (ВИДЕО)

Едни се согласуваат, други критикуваат: Оваа песна е прогласена за најсреќна во историјата (ВИДЕО)

Неколку неповрзани истражувања покажаа дека слушањето на весела и динамична музика влијае на расположението на слушателот. А сега, група научници се обидоа да ја пронајдат совршената „среќна песна“.

Невронаучникот Џејкоб Џолиџ креираше формула за откривање среќни песни преку проучување на 126 песни кои беа издадени во период од 50 години.

Британската електронска компанија Alba направи истражување во кое Британците одговараа која песна ги прави да се чувствуваат најсреќни. Кога беа познати резултатите, Џолиџ ја скрати листата на 126-те песни со најмногу гласови и продолжи со анализирање на секоја од нив. Тој го анализираше темпото, октавата и жанрот на секоја од песните, а ги зема предвид и текстовите.

„Шемата беше многу, многу јасна. Просечното темпо на ‘среќната песна’ е значително повисоко отколку кај просечната поп песна. Ако темпото на просечната поп песна е 118 удари во минута (bpm), листата на ‘среќни песни’ имаше просечно темпо од околу 140 до 150 bpm“, пишува во истражувањето на Џолиџ.

Со преку две третини од гласовите и со одобрување добиено од формулата на Џолиџ, најсреќната песна на светот е „Don’t Stop Me Now“ од групата „Квин“.

Откако истражувањето на Џејкоб Џолиџ беше објавено во јавност, тој доби многу негативни коментари и критики, кои го обвинуваа дека резултатот од истражувањето е невалиден.

Поголемиот дел од коментарите се однесуваа на начинот на кој беше направено истражувањето, бидејќи Џолиџ користел само мислења на испитаници од неговата земја. Интернет коментарите велат дека секоја земја си има своја „среќна песна“ и затоа не се сложуваат дека „Don’t Stop Me Now“ е универзален извор на среќа за секого.