вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 20
home Музика

Дуа Липа триумфираше на Британските музички награди

Дуа Липа триумфираше на Британските музички награди

Синоќа се одржа доделувањето на Британските музички награди, на коишто поп-ѕвездата Дуа Липа по вторпат ја освои наградата за најдобра британска соло-пејачка. Свеченоста се одржа во лондонската „О2 арена“.

Конкуренти на Дуа Липа беа групата „Арло паркс“, која ја доби наградата за најдобар нов уметник, натаму – Селест (Вајт), Џеси Вејр и Лин ла Хавас. Албумот на Липа, „Future Nostalgia“ е избран за најдобар британски албум.

Џеј Хас ја освои БРИТ наградата за најдобар британски машки соло-изведдувач. Поп-триото „Литл Микс“ победи во категоријата Најдобар британски бенд.

Американската пејачка Тејлор Свифт стана првата жена што ја доби наградата „Светска икона“, по Дејвид Боуви, Елтон Џон и Роби Вилијамс.

– Горда сум што сум дел од оваа музичка заедница, особено во една година кога на сите ни требаше музика, рече Свифт прифаќајќи го одличјето.

На ова, 41. доделување на БРИТ наградите, како дел од контролиран експеримент спроведен од научници, со владина дозвола, од гостите во салата не беше строго побарано да одржуваат физичко растојание и да носат маски, но мораше да минат уште еден тест за коронавирус по завршувањето на свеченоста. На овој начин, властите сакаат да проверат дали укинувањето на условот за социјално растојание ќе доведе до масовни случаи на зараза, и покрај негативните тестови што ги добија присутните пред настанот. Лекарите имаат намера да ги користат информацииве во пресрет на одлуките за отворање на ноќните клубови и големи настани во затворени простории во земјата од крајот на јуни.

ЕУРО 2020

Македонија