недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home Музика

Донесена е одлука: ТИЕ биле најлошо облечени на Евровизија годинава (ФОТО)

Донесена е одлука: ТИЕ биле најлошо облечени на Евровизија годинава (ФОТО)

Одлучено е кој е најлошо облечениот претставник на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија.

Наградата е во организација на магазинот „Сонгфестивал“, а годинашниот добитник е норвешкиот „Тикс“.

На сцената во Ротердам носеше бело долго крзнено палто, светкав костум и крилја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TIX (Andreas Haukeland) (@tixmusic)

На второ место е претставничката на Романија Роксен, а третото место го освои Албина Грчиќ од Херватска . Порталот „Сонгфестивал“ наведува дека имало само еден поен разлика помеѓу Роксена и Албина.

Четвртото место му припаднало на Британецот Џејмс Њуман, а на петтото место се најде претставничката на Израел, Еден Ален.

Оваа награда се доделува 24-та година по ред, а е именувана по белгиската пејачка која била прогласена за најлошо облечена на Евровизија во 1993 година.

ЕУРО 2020

Македонија