недела, 5. јули 2020. Вести денес: 138
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Музика

Доделени музичките БРИТ награди

Доделени музичките БРИТ награди

Десетина дена по Греми наградите, во лондонската О2 Арена вчера се одржи доделувањето на БРИТ наградите, а најзначајните музички признанија – пејачка и пејач на годината ги освоија Џорџа Смит и Џорџ Езра.

Наградите за интернационални соло-пејачка и пејач ги добија Аријана Гранде и Дрејк, а пак Том Вокер е прогласен за најдобар дебитант.

Титулата најдобар британски бенд, како и онаа за албум на годината, им припаднаа на рокерите од групата „1975″.

Најдобар странски бенд се дуетот „Картерс“ составен од Бијонсе и Џеј Зи.

Наградата за британска песна на годината ја освоија Калвин Харис и Дуа Липа за „Оnе Кiss”, а на шкотскиот музичар му е доделена и наградата за најдобар продуцент.

Ед Ширан ја доби наградата за специјални достигнувања.

За најдобар видеоспот е прогласен oнoj за песната „Wоmаn Likе Ме” на групата „Литл Микс“ изведена во соработка со Ники Минаж. Нивниот настап на свеченоста привлече можеби најмногу внимание и реакции кај гледачите.

Водители на вечерта беа комичарот Џек Вајтхол и радио-водителката Клара Амфо.

БРИТ наградите се доделуваат од 1977 година како британски пандан на американските Греми награди, а организатор е Британската фонографска асоцијација.

Парламентарни избори 2020