петок, 29. јули 2022. Вести денес: 89
home Музика

Диџеј Шекил со настап на хрватскиот остров Крк

Диџеј Шекил со настап на хрватскиот остров Крк

Можеби „најголемиот“ диџеј на светот, (или поточно највисокиот – со своите 216 см), Шекил О’Нил доаѓа на хрватскиот остров Крк.

Поранешниот американски кошаркар и ѕвезда на НБА-клубовите Орландо, Л.А. лејкерс и Мајами хит – популарниот диџеј Дизел на 14 јули гостува во новиот клуб „Дијамант“. Можеби многумина не знаат дека Шек има издадено и неколку рап-албуми паралелно со неговата спортска и филмска кариера, а првиот, насловен „Шек Дизел“, објавен 2003 година, е продаден во над милион примероци и го достигна 25-то место на „Билборд топ-листата“.

Билетите за настапот на диџеј Дизел следниов месец, се достапни и на интернет.  (МИА)

Коронавирус