вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 70
home Музика

„Деспасито“ ги руши сите рекорди: Наскоро ќе има повеќе прегледи од бројот на жители на Земјата

„Деспасито“ ги руши сите рекорди: Наскоро ќе има повеќе прегледи од бројот на жители на Земјата

Најгледаното видео на сите времиња, „Деспасито“ продолжува да бележи прегледи на ЈуТјуб.

Песната „Деспасито“ наскоро на ЈуТјуб ќе има повеќе прегледи отколку што има жители во светот. Имено, песната за четири години собра над седум милијарди и петстотини милиони прегледи, а вкупниот број на жители на планетата Земја е проценет на седум милијарди и деветстотини милиони луѓе.

Пејачот Луис Фонси и Деди Јенки песната „Деспасито“ ја објавија во 2017 година и таа стана планетарен хит.

Нејзината популарност продолжи и во следните години. Во најдобро време „Деспасито“ за еден ден доби 25,7 милиони прегледи

„Деспасито“ значи „полека“, но се чини дека Луис и Деди брзо дојдоа до голема заработка благодарение на најголемиот хит во нивните кариери.

Локални избори 2021