четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

ВИДЕО: Тежок меѓународен блам на Заев, лажеа дека спречиле хибриден напад, а Заев пред пранкери го напаѓа Макрон, затвора аеродром, ќе населува мигранти

home Музика

Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20. век

Дејвид Боуви прогласен за најдобар изведувач на 20. век

Британците преку јавно гласање на Би-Би-Си го прогласија легендарниот пејач Дејвид Боуви за најдобар изведувач на 20. век. Тој почина на 10 јануари 2016, по битка со ракот.

Боуви е најпознат по хитовите „Space Oddity“, „Life On Mars“, „Heroes“, „Changes“, „Five Years“ и „All The Young Dudes“. А пак, неговата смрт беше инспирација за неговата „лебедова песна“ – посмртниот, 25-ти албум под наслов „Black Star”, кој како изненадување беше објавен на 71. роденден, два дена по неговата смрт.

Гласањето се однесуваше на постигнувањата на најважните и највлијателни личности на 20. век во седум различни полиња на човековите заложби. Како победник во едно од нив, Боуви ќе се најде и на финалното гласање што ќе се пренесува во живо на 5 февруари.

Во навраќањето на неговиот живот, Би-Би-Си го оцени пејачот како „константен музички иноватор кој честопати ставајќи се себе во најразлични улоги и ликови, никогаш не се плашеше да воведе нови звуци“.

– Ликовите што тој ги создаде, од Зиги Стардаст до Тенкиот бел војвода, му дозволија да навлезе во нови звучни полиња. И Боуви секогаш ги бираше најдобрите соработници за да го постигне зацртаното. За разлика од многу други музичари, тој остана постојан низ целата своја кариера, соопшти Би-Би-Си.

Боуви во својата категорија ги победи Кетлин Тарнер, Чарли Чаплин, Мерилин Монро и Били Холидеј.

– Дејвид Боуви ја подигна „креативната летвичка“ за сите забавувачи и токму затоа тој целосно заслужи да биде крунисан за врвна икона на 20. век, изјави неговата „соперничка“ Тарнер.

И Мадона на  Фејсбук ја поздрави неговата „круна“, осврнувајќи се на вредноста на неговите погледи околу тоа – да се биде свој. Го смени мојот животен пат засекогаш. Вистински гение!, напиша таа.

Во другите категории, Алан Туринг е прогласен за научник на 20. век, Ернест Шаклтон е најдобар истражувач, а Нелсон Мендела победи во категоријата лидери.

МИА

Парламентарни избори 2020