недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 99
home Музика

CASUALTY – нов ултимативен летен хит во најава на македонскиот диџеј и продуцент Галоски

CASUALTY – нов ултимативен летен хит во најава на македонскиот диџеј и продуцент Галоски

Најдобриот македонски диџеј и продуцент со светска кариера Галоски официјално од денес и со уште едно ново издание кое дефинитивно има тенденција да ги собори светските топ листи. Најновата трака насловена како CASUALTY уште официјално необјавена веќе имаше светска премиера и доби поддршка од најголемите глобални музички имиња од светската EDM сцена како Martin Garrix, Afrojack,Oliver Heldens, Sam Feldt, Bingo Players, Dannic и уште многу други, а веќе е и во топ 3 највртени траки на престижната „1001 tracklists“ листа на глобално ниво.

Casualty e во соработка со композиторите и текстописци од овогодинешната евровизиска песна на Ирска, a е објавена под етикетата на издавачката куќа „Chill Your Mind“ која веќе брои над милион следбеници на дигиталните платформи.

Колку за потсетување, Галоски минатиот месец ја издаде одличната фестивалска трака STAY FOCUSED која беше емитувана премиерно на радиото на најголемиот светски фестивал на електронска музика Тomorrowland – „One World Radio“, a за нецел месец веќе ги сруши рекордите на сите дигитални музички платформи и беше поддржана кај најголемите имиња на светската електронска музичка сценa.

Изданијата на Галоски важат како наjподдржани и највртени за овој дел од Европа, одобрени од глобалните музички великани како: David Guetta, Tiesto, Afrojack, Oliver Heldens, Steve Aoki, Timmy Trumpet, Benny Benassi и многу други.

ЕУРО 2020

Македонија