четврток, 22. август 2019. Вести денес: 100
home Музика

Бугарската пејачка Марија му изброја 20.000 лева на МЦ Стојан за правото да ја преработи „Ла Мајами“ (ВИДЕО)

Бугарската пејачка Марија му изброја 20.000 лева на МЦ Стојан за правото да ја преработи „Ла Мајами“ (ВИДЕО)

20 000 лева му изброи бугарската фолк пејач Марија на српскиот автор и изведувач МЦ Стојан за права на неговиот хит кој доби и бугарска верзија! Овии гласини бргу се проширијаво  музичките кругови во Бугарија. Претходно, овој месец  таа ги промовираше новата песната и видеото за неа насловени „Да ме гали“, а познавачите веднаш забележаа дека се работи за верна копија на “Ла Мајами” на комшиот изведувач Марко Стојковиќ, познат под псевдонимот си MЦ Стојан.

Извор близок до  пејачката признал Маријаа ја изброила огромната сума за да ја користи музиката на песната, но со различен текст, напишаш на бугарски. Така, насловот “Ла Мајами” станува “Да ме гали”. И додека бугарските стихови нас песната се чисто љубовни, српската верзија на моменти е скандалозна, зашто се величаат женскиот задник и другите атрибути, па другарчето од Србија пее:

„Го сменив ликот и пуштав брада, во шаките држам зад*ик, најубавиот во градот“.

„Веројатно сега Марија сака да се пофали дека е богата и може да си купи актуелна песна. Нејзините помлади колешки тешко можат да си дозволат ваков луксуз и затоа во нивните очи таа изгледа мега успешна“, – коментираат љубители на бугарскиот поп-фолк.

Сексапилната пејачка ја објави песната како подарок за нејзиниот 37-ти роденден во јануари 2019. Таа го славеше во друштво на својот нов пријател, чиј идентитет марија не го открива.

„Во овој случај ќе го сочувам неговиот идентитет во тајност и се радувам што можам тоа да си го дозволам, бидејќи тоа е нашиот простор и не треба секој да може влезе во него! Посакувам тој да биде до мене, јас до него и нашата љубов да биде вечн. Верувам во овие работи, и токму затоа не престанав да барам љубов“ – изјави неодамна мистериозно настроената Марија.

Останува мистерија дали нејзиниот нов љубовник и го спонзорирал српскиот клип, или самата морала да бркне подлабоко во џебот.

За радоста на нејзините обожаватели и во новото видео, пожелнота бугарско фолк мињонче, великодушно ги покажува своите бујни гради. Иако пред време објасни дека категорично одбива да се разголува заради својата ќерка, Мараја, десетици  пати потоа изведувачката се појавувала полугола на настап во фолкотека или во своите видеа како и во ова најновото, ги потенцира градите и задникот.

Извор: vistina.mk

Слушнете како звучи „Ла Мајами“ на Бугарски, и погледнете како изгледа кога Марија преку песна ќе посака… „Да ме гали“: