четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Музика

Британските ѕвезди бараат Владата да ја спаси музичката сцената

Британските ѕвезди бараат Владата да ја спаси музичката сцената

Ед Ширан, сер Пол Мекартни, Дуа Липа, како и членовите на „Ролинг стоунс“ и „Колдплеј“ се меѓу 1.500 потписници на барањето до Британската влада за помош и спас на музичката сцена, која е погодена од корона-кризата, покрај сѐ друго.

Во отвореното писмо, се предупредува дека забраната за масовни собири може да значи крај на настаните во живо. Тие укажуваат и дека на мерките за физичко растојание не им се гледа крајот, но и дека досега не е договорена никаква финансиска поддршка од властите.

Според британските музичари, иднината на концерти и фестивали, како и иднината на илјадници луѓе кои работат во оваа индустрија, изгледа мрачна и сива. (МИА)

Коронавирус