недела, 31. мај 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Музика

Боб Дилан издава нов албум, прв по осум години

Боб Дилан издава нов албум, прв по осум години

Американскиот музичар Боб Дилан ќе издаде нов студиски албум, негов 39-ти по ред. „Rough and Rowdy Ways“ излегува на 19 јуни, соопшти Дилан на Твитер.

Според списанието „Ролинг стоун“, албумот ќе содржи 10 песни. Три од нив веќе беа претставени, а тоа се 17-минутната „Murder Most Foul“ – за убиството на Џон Кенеди, натаму – „I Contain Multitudes“ и „False Prophet“.

„Rough and Rowdy Ways“ ќе биде првиот авторски албум на Дилан по осумгодишна пауза, по „Tempest“ од 2012 година. Во меѓувреме, тој објави уште три албума – „Shadows in the Nigh“ (2015), „Fallen Angels“ (2016) и „Triplicate“ (2017), но тие се состојат од преработки на песни од други автори.

Со својата 50-годишна кариера, Боб Дилан е сметан за една од највпечатливите фигури во рок-музиката. Според „Ролинг стоун“, тој е вториот најзначаен изведувач во историјата, по „Битлс”. Дилан во 2008 година ја доби Пулицеровата награда, а 2016., и Нобеловата награда за литература – „за создавање трајни поетски обележја во големата американска музичка традиција“, како што истакнаа тогаш организаторите.

Коронавирус