Били Ајлиш е автор и изведувач на нумерата која го следи новиот филм за Џејмс Бонд. Таа е најмладиот изведувач кој некогаш снимил песна за најпознатиот светски таен агент.
Иако во декември наполни 18 години, Били веќе е сопственичка на албум кој е број 1 на многу топ-листи. Исто така, таа е најмладиот уметник кој има четири номинации за наградата Греми.
Сега добила уште еден вид признание, и стана најмладиот изведувач на насловна нумера на филмот за славниот агент 007. Песната ја напишала со постариот брат Финес.
– Лудо е да бидеш дел од ова на кој било начин. „Џејмс Бонд“ е најслатката филмска франшиза која постоела. Сè уште сум во шок – рекла Били.