понеделник, 25. септември 2023. Вести денес: 69
home Музика

Била слепа и во инвалидска количка: Најголемиот хит на Дино Мерлин крие тажна љубовна приказна која ќе ви го скрши срцето

Била слепа и во инвалидска количка: Најголемиот хит на Дино Мерлин крие тажна љубовна приказна која ќе ви го скрши срцето

Познатиот балкански пејач зад себе има милион хитови, но една песна која на повеќето им е добро позната крие тажна приказна зад себе.

Станува збор за песната „Da šutiš“ која ја напишал авторот Елдин Хусеинбеговиќ чија сопруга Емка имала се- сопруг кој ја сака, убавина…, но добила тешка болест, мултиплу склероза.

Па така неговата посветеност кон неа било мотив да ги напише стиховите за песната која ја отпеа Дино Мерлин.

-На личноста која најмногу ја сакам не можев да и подарам чевли, бидејќи таа не оди. Ни книга, бидејќи не гледа, па дојдов на идејата на сопругата да и подарам песна. Мојата сопруга е слепа и во инвалидска количка, повторно да требаше да се женам би ја избрал неа, рече неодамна авторот на песната Елдин.

Во април 2013 година инаку неговата сопруга по долга и тешка болест починала, а стиховите на песната се уште се голем хит низ целиот регион.