четврток, 13. август 2020. Вести денес: 139
home Музика

Атиџе ќе ве освои со „Покрај река Брегалница“: Медената ја сними својата прва песна

Атиџе ќе ве освои со „Покрај река Брегалница“: Медената ја сними својата прва песна

Медената Атиџе Муратова, која не го криеше својот талент за пеење во документарецот „Медена земја“, влезе во музичко студио. Првата песна ќе се вика „Покрај река Брегалница“.

Кинематограферот Самир Љума на својот Твитер профил сподели фотографија од Атиџе како пее.

Освен во македонскиот документарен филм кој се натпреваруваше за два Oскари, Атиџе ја покажа својата љубов кон музиката и на овогодишното издание на Златна Бубамара кога на сцената запеа, а публиката ја поздрави со неколкуминутен громогласен аплауз.

Првата студиска песна таа сакала да ја испее на Oскарите, доколку документарецот го добиеше највисокото признание.

Коронавирус