вторник, 3. август 2021. Вести денес: 158
home Музика

Антониа Гиговска крена магла со својата нова песна (ВИДЕО)

Антониа Гиговска крена магла со својата нова песна (ВИДЕО)

„Магла“ е насловот на најновата песна на Антониа Гиговска, која јавноста има можност денес премиерно да ја преслуша, а е дел од студискиот материјал што треба да биде комплетиран до крајот на годинава.

Песната е со потписот на Лазар Цветковски, чии се музиката и аранжманот, додека текстот е на Тајзи. Се работи за модерна тема која има потенцијал за кусо време да го носи предзнакот – летен хит.

Видеото, пак, во кое Антониа се претставува во едно сосема поинакво светло е работено под режисерската палка на Даниел Јовевски.

-„Магла“ е дел од албумот „2001“ што ќе содржи 12 нумери, меѓу кои дел веќе пуштени во етерот, но и дел комплетно нови. Задоволна сум од тоа како излезе песната, иако е направена спонтано и буквално во еден здив. А дека е „љубов на прв поглед“ доволно зборува тоа што е отпеана и спакувана од прва. Се надевам дека и публиката ќе го почувствува она што и јас, и навистина можам слободно да кажам дека ова е можеби една од песните на која најмногу ѝ верувам, вели Антониа.

Коронавирус