понеделник, 22. октомври 2018. Вести денес: 0
home Музика

Анастасија Ражнатовиќ ја сними првата песна, македонскиот хитмејкер стои зад истата

Анастасија Ражнатовиќ ја сними првата песна, македонскиот хитмејкер стои зад истата

Анастасија Ражнатовиќ, тргнува по стапките на својата мајка. Ќерката на Цеца ја сними својата прва песна, а за истата има е видео запис.

Првата песна Анастасија ја снимила на 16 мај во Скопје и истата го носи името „Совршен пар“. Музиката, текстот и аранжманот ги потпишува Дарко Димитров, јавуваат српските медиуми.

-Мораше да помине некое време и да се создадат сите услови за објавување на мојата прва песна, а пред се да бидам сигурна дали сакам навистина да се впуштам во она што со години го посакував. Горда сум што некои случувања во животот ги искористив и успеав тие да се преточат во текст за песната „Совршен пар“, па сега на публиката е да одлучи како ќе им се допадне. Јас сум нетрпелива, порачува Анастасија.