среда, 18. јули 2018. Вести денес: 0
home Музика

Американски маринец и најубавата Србинка во новиот спот на Боби Павловски (ВИДЕО)

Американски маринец и најубавата Србинка во новиот спот на Боби Павловски (ВИДЕО)

„Рана“ е најновото музичко остварување на пејачот Боби Павловски, кој и овој пат ја продолжи соработката со еден од нашите најдобри хит-мејкери, Лазар Цветковски.

Станува збор за една прекрасна нумера, во која како што вели Павловски ќе уживаат и млади и стари.

– Нема да бидам скромен и ќе кажам дека ова е песната за која ние музичарите ќе кажеме – тоа е тоа. Уште кога го слушнав демото, му реков на Лазар дека песната е моја и без да размислувам многу влегов во студио и ја снимив – накусо изјави Боби.

Оваа најнова песна на Павловски доби и видеоспот во кој се појавува преубавата Србинка Бојана Бојаниќ, инаку „Мис на Србија“ и една од најубавите девојки во регионот, а како режисер на истиот се потишува Дејан Георгиев – „Арт Студио“.

– Спотот е снимен на повеќе локации, а највеќе од кадрите беа снимени во еден познат скопски хотел. Интересно е тоа што покрај Бојана во видеото се појавува и Американецот Девон Деитерс од Америка, инаку маринец по професија – објаснува Павловски.