петок, 22. март 2019. Вести денес: 108
home Музика

Александра Јанева си го отвори срцето: Слушнете ја нејзината нова песна (ВИДЕО)

Александра Јанева си го отвори срцето: Слушнете ја нејзината нова песна (ВИДЕО)

Поп-пејачката Александра Јанева има нова песна со видео-запис насловена „Срце отвори“.

По успехот на минатогодишниот сингл „Ќе се вратам некој ден“, Александра ја продолжува соработката со авторите Панче Илиев и Иле Спасев, а текстот е на Огнен Неделковски.

-Срце отвори е песна за сите нас кои секој ден се трудиме да се допаднеме некому, а сè што треба е искрено да се отвориме за да доживееме љубов, влезени во свој филм, вели Јанева.