петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 57
home Музика

Александра Јанева го објави својот „Одговор“ (ВИДЕО)

Александра Јанева го објави својот „Одговор“ (ВИДЕО)

На неполн месец од промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“ поп-пејачката Александра Јанева денес објави уште една нова песна.

Текстот на песната „Одговор“ е на Александра, а зад музиката се потпишуваат заедно со Тино Стојановски.

На аранжманот работеле со продуцентот Иван Јованов Iwayo. Видеото е изработено од Pinestel продукција.

-За мене „Одговор“ е една нова страна во музиката. Премолчувањето станува внатрешна борба со сопствените потиснати чувства. „Одговор“ е за изневерената толеранција, доверба, љубов, вели пејачката за своето прво авторско дело.

Песната ќе се најде на деби-албумот на Јанева насловен „Срце отвори“.