среда, 23. октомври 2019. Вести денес: 77
home Музика

Ај Кју ја преработија „Јано Мори“ (ВИДЕО)

Ај Кју ја преработија „Јано Мори“ (ВИДЕО)

По неколкуте синглови со кои Ај Кју смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.

Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.

Тоа што е интересно е нивниот пристап кон трансформирање на еден ваков мелос во модерен и современ звук на кој тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент.

На оваа добро позната мелодија многу природно се надоврзува гласот на Марија кој со својата мекост и ненаметливост ѝ дава свежина на целата песна.

Главниот и одговорен иницијатор за оваа уникатна преобразба на „Јано Мори“, Бојан, совршено го вметнува својот печат преку неговото препознатливо свирење на гитарата и мелодиското развивање на самата песна.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко, кој одлично ја отсликува и визуелизира целата атмосфера на филмот кој го тераат Бојан и Марија.

Приказната за оваа песна на Ај Кју не застанува тука, подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.