петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Музика

Адел објави нова песна, луѓето воодушевени: „После ова, и јас се разведувам“

Адел објави нова песна, луѓето воодушевени: „После ова, и јас се разведувам“

Адел ја објави првата песна од новиот албум. Песната се вика Easy On Me и е слушана преку 13 милиони пати на Јутјуб во првите осум часа од објавувањето.

Тоа е прва нова песна на Адел по шест години. Во баладата придружена со пијано, Адел пее за врската помеѓу неуспешниот брак и тешкотиите во нејзиното детство.

Реакциите на фановите се позитивни.

„Таа е совршена, совршено раскажува приказна, пее совршено“, „Греми награда ја чека повторно“, „Таа секогаш успева совршено да ги преточи своите емоции во песна“, „Ова ќе биде огромен хит“, „После ова и јас ќе се разведам“, се само некои од коментарите.

Коронавирус