сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 25
home Музика

АББА воодушевени, нивниот нов албум е најпродаван во Велика Британија за само седум дена

АББА воодушевени, нивниот нов албум е најпродаван во Велика Британија за само седум дена

Шведската поп група АББА го достигна врвот на музичката британска скала со албумот „Voyage“, прв студиски албум од 1981 година.

Албумот е продаден во 204.000 примероци за седум дена, што претставува најдобар почеток на некој албум во Велика Британија во период од четири години.

Последен албум беше „Divide“ на поп ѕвездата Ед Ширан.

Од распадот на бендот кој крајот на 1982 година, само една година по издавањето на последниот албум, женскиот дел од групата никогаш повеќе не објави ниедна песна.

Нивниот 10-ти албум „Voyage“ е на прво место во Велика Британија.

-Пресреќни сме бидејќи нашите обожаватели уживаат во новиот албум како и ние. Апсолутно сме воодушевени поради тоа што албумот е на врвот на скалата, соопштија членовите на бендот.

Коронавирус