петок, 24. септември 2021. Вести денес: 127
home Музика

AББA повторно меѓу првите 10 синглови во Велика Британија

AББA повторно меѓу првите 10 синглови во Велика Британија

Шведската поп-група AББA првпат по 40 години се враќа меѓу првите 10 најпродавани синглови во Велика Британија, со два нови наслова од нивниот нов албум „Voyage“.

„I Still Have Faith in You“ и „Don’t Shut Me Down“ засега се на шестото и седмото место на ранг-листата во Обединетото Кралство, според првите објави за продажбата и стрим-услугите. Официјалната топ-листа ќе биде објавена в петок.

– Ако продолжи со оваа динамика, овие наслови ќе бидат првите синглови на АББА меѓу првите 10 во Велика Британија, по „One Of Us“, од декември 1981 година, истакна телото задолжено за класификацијата.

„I Still Have Faith in You“ бележи солидна продажба на ЦД-а и плочи, а „Don’t Shut Me Down“ е најсимнуваната песна во Велика Британија оваа недела, соопштуваат оттаму, додавајќи дека вкупниот тираж е над 500.000 пати. Двата нови сингла се наоѓаат на „Voyage“ – првиот студиски албум на АББА, по „The Visitors“ од 1981 година.

Коронавирус