четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 181
home Скопје

ЗСРРК „Вардар“ успешно спроведе акција за спас на рибниот фонд поради чистење на езерцата во Градски парк

ЗСРРК „Вардар“ успешно спроведе акција за спас на рибниот фонд поради чистење на езерцата во Градски парк

Успешно е завршена акцијата за спас на рибниот фонд од езерцето кај Централ парк поради чистење на езерцата во Градски парк од страна на Град Скопје.

На барање од ЈП Улици и Патишта – Скопје ( изведувач на проектот ) Здружението Вардар превзема акција која се спроведе во 7 дена со над 15 активисти од здружението.

-Се користеше професионална опрема за излов на рибата ( мрежа – грип ) со цел минимално оштетување на рибата при излов. Вкупно се излови околу 1 (еден) тон крап, клен, бојник, костреж, црвеноперка, караш, толстолобик и истата уредно ќе биде вратена откако ќе се исчисти езерото, велат од Здружението спортско рекреативен риболовен клуб „Вардар“ – Скопје.

Коронавирус