четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Зошто пола Скопје снема струја?

Зошто пола Скопје снема струја?

Дефект во системот на електродистрибутивната мрежа вчера и денеска ги остави скопјани без струја. Без електрична енергија останаа делови од Карпош, Козле и Тафталиџе.

Од Регионалниот центар за управување со кризи, информираат дека екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.

Без струја поради дефектот на трафостаницата во Козле, вчера остана и Клиниката за гинекологија и акушерство.