вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Скопје

Зоолошката во Скопје со изненадувања за посетителите по повод утрешниот роденден

Зоолошката во Скопје со изненадувања за посетителите по повод утрешниот роденден

Забава со детски песни, театарска претстава, Дизни маскоти и други изненадувања ги очекуваат посетителите што ќе дојдат во Зоолошката градина утре, на одбележувањето на нејзиниот 93-ти роденден.

Големата роденденска журка ќе почне во 17 часот, а присутните ќе уживаат во настапите на „Златно Славејче“, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, како и со Дизни маскотите.