четврток, 1. јуни 2023. Вести денес: 58
Во живо

Мицкоски во општина Конче во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“

home Скопје

Зонско паркирање пред Комплексот „Македонско село“ во Нерези

Зонско паркирање пред Комплексот „Македонско село“ во Нерези

Од денеска ќе почне да работи новото зонско паркиралиште, зона А02 кај манастирот „Св. Пантелејмон“ во Нерези. Паркирањето на оваа паркинг-зона ќе се наплаќа за време на државните празници и за викендите од девет до 16 часот, информираат Град Скопје и ЈП „Градски паркинг“.

Цената за првиот час паркирање изнесува 100 денари, а секој нареден час 50 денари. СМС пораките за паркирање може да се испратат на бројот 144 144 од сите мобилни оператори во Република Македонија.

– На паркиралиштето е поставена соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација, како и информативни табли на кои се наведени сите неопходни информации во врска со паркирањето, времетраењето и цената. Непрописното паркирање на ова паркиралиште и непочитувањето на сигнализацијата ќе се санкционира, се вели во соопштението.

Градските власти информираат дека оваа новина е дел од оптималното решение за зачувување на планината Водно и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите.