Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, манипулираа со аеродромци.
Општината преку соопштение вели дека Марин ќе се заложи за спречување на изградбата на зградата пред Мајчин дом. Марин пред избори ветуваше се и сешто и велеше дека ќе го откупи земјиштето за таму да гради парк. Сега го заборави ова свое ветување и вели дека бара други алтернативни решенија.
Имено, емјиштето уште пред 20 години е продадено и е во градежна зона согласно ГУП на град Скопје. Златко Марин со своите популистички изјави пред избори, ветувајќи се и сешто на граѓаните само да седне на фотелја. Сега кажува дека се разгледуваат сите правни механизми и бара начин да ја спречи изградбата, додека во избори ветуваше веќе готови решенија.
Во ТВ дуел со својот противкандидат, тогашниот градоначалник на општината, Ивица Коневски, Марин му посочи дека има други начини да се реши овој проблем.
-Знаете ли дека има друг начин да го обесштетите самиот сопственик на земјиштето? Имате. Можете по пазарна цена да го исплатите, можевте во компензација со друга локација да го искомпензирате за да се зачува таму зеленилото, рече тој.
Значи, на Марин му се јасни начините на кои може да се постапува во овој случај, но сепак нему најмногу му одговара да го сработи она што жестоко го критикуваше.