среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 96
home Скопје

Жителите од Трнодол револтирани од градоначаликот на Општина Карпош

Жителите од Трнодол револтирани од градоначаликот на Општина Карпош

Во целост ви ја пренесуваме острата реација од жителите на Трнодол, Жданец и Козле до градоначаликот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Поднесено е преиспитување на постапката пред уставен суд , а се подготвуваат и нови тужби околу целата постапка на насилно и неаргументирано носење на ДУП-от.

Со лаги, манипулации и сила, нема да дозволиме да се донесе ДУП за Трнодол,Жданец и Козле кој ќе го загрози Водно и безбедноста и вредноста на нашите населби.
Жителите од Трнодол, Жданец и Козле се револтирани од изјавите и однесувањето на градоначалникот на Општина Карпош на брифингот за постапката за носење на нов ДУП за населба Трнодол од 11.12.2019 година.

Во интерес на презентирање на вистинските барања на граѓаните од населба Трнодол и Жданец упатени до Општина Карпош и Градот Скопје и советниците на општинските и градските власти, го даваме следното појаснување:
Градоначалникот Богоев манипулира со јавноста и граѓаните на Карпош имајќи ги предвид изнесените ставови на последната прес конференција која ја одржа пред мал број одбрани новинари, на која не беа поканети преставници од нашите населби и на која не им беа дадени на увид нашите писмени и аргументирани забелешки околу начинот на кој се пробува на сила , не стручно, без документи што побрзо да донесе ДУП от . Во целата постапка Општината не презема ништо да ја спречи опасноста од клизање на подножјето на Водно, градење згради во заштитен канал од поплави во подножјето на брдото и навлегување со нови градби во Парк шумата ВОДНО над постоечките населби. Со еден збор се заобиколуват потребите на жителите во овие населби и елаборатите и предупредувања на стручната јавност како и значењето на заштитното зеленило и парк шумата ВОДНО.

Градоначалникот Стефан Богоев манипулира дека со стариот ДУП е возможно да се изградат 4 спрата и безброј стамбени единици , кога во важечкио ДУП од 2001 година јасно пишува дека населбата е предвидена и е дозволено за семејни куќи по два стана со по 4 члена.

ФОТО ОД СТАРИОТ ДУП ОД 2001 каде пишува колку спрата и жители се предвидени во семејно домување

По насилното закажување на јавна презентација за предлог ДУП – от за дел од населба Трнодол со Шпанско село на 30 јули и на температура од 43 степени, граѓаните од населбите Трнодол и Жданец, не дозволија да се оддржи јавната презентација, бидејќи Општината и проектанското биро од БИТОЛА немаа доставено и изработено низа документи кои се потребни при изработката на Дупот. Што е најважно никој од граѓаните во населбата немаа побарано да се изработи нов ДУП.

4.Планска документација

Неквалитетна ажурирана подлога, без посета на терен, некомпетентност и стручност допринесуваат за лоши урбанистички решенија

Нема планирано мост кај постојниот дол

Сепак иако постапката за ДУП за нас граѓаните и пред законот не е започната , граѓаните доставија преку 450 анкетни листови (на кои Општината, согласно законот се уште нема одговорено), потоа поднесовме Преставка на 19.08.2019 година ,па потоа и ЗАБЕЛЕШКИ И БАРАЊА по Одговор на Претставка УПП.бр.11-04 од 01.10.2019 година до општинските и градски власти, на кои генерално ние како граѓани не бевме задоволни од одговорите и начинот на кој општината се труди да не ги разгледа и прифати нашите аргументи и барања.

Главните забелешки и барања на жителите на населба Трнодол изнесени во наведените писмени поднесоци до надлежните во постапката за носење на овој предлог ДУП беа:

– Да бидат земени во предвид направените геомеханички испитувања во периодот 2004-2010 година каде беше констатирано дека постои можност за лизгање на големи слоеви на земја , и дека е потребно зацврстување на брдото со шипови, да се направи интервенција околу движењето на водата и пошумување на целиот заштитен зелен појас. Доколку овие препораки не бидат земени во предвид што поскоро постои можност за голем број на човеки жртви и уништување на имотот во Козле и Трнодол. .

– Да не се пресекува населбата „Трнодол“ со нова сообраќајница до „Шпанско село“ и населба Козле. Планираната улица која треба да води кон новопредвидената населба на падините на Водно е премногу тесна, не безбедна и не може да овозможи проток на мал број на возила, а уште помалце да сервисира и цела населба и јужна обиколница.

– Најнапред Град Скопје во новиот ГУП кој е предвиден за 2022 година да ги пораваи грешките кои се наоѓаат во актуелниот ГУП каде населбите на чуден начин се поделени и не е правилно изработен планот со измислени улици преку заштитни канали .

– Населбата „Трнодол“ вештачки да не се дели и дел од населбата „Трнодол“ да не се поврзува со „Шпанско село“ и населба Козле, а останатиот дел (околу 46 градежни парцели) да не се поврзува со населба Жданец, а со цел Општината, врз основа на Регулациски план донесен од Град Скопје на 18.07.2018 година на штета на интересите на граѓаните да прави основа за инженеринг на максимална дозволена нето густина на населеност и да формира услови градба на висококатници под населбата „Трнодол“ позади бензинската „Макпетрол“ и проектирање на нова населба на падините на Водно.

– Да не се предвидува зголемување на катноста на градежните парцели П + 2 + Пк, односно висина на градежен венец 10,2 метри, намена А1. Општината да донесе нов правилник за катноста кај семејно домување и на терен на кој е констатирана можност за пролизгување да не издава дозволи за градба додека не се санира и потврди безбедноста на брдото .

– Да се забрани градење на падините на ВОдно и над населбите Трнодол и Жданец .

Градоначалникот Богоев, наместо да ги почитува барањата на граѓаните, во брза постапка на само 20 дена пред парламентарни избори, штитејќи интереси на градежни профитери , повторно се обидува во една постапка чија законитост е оспорувана од самиот почеток и е на штета на интересите на локалното население од населбите Трнодол, Жданец и Козле сака да спроведе јавна презентација на некаков нов Предлог ДУП.

Во овој нов предлог ДУП кој ќе биде ставен на јавна презентација единствено е направена корекција на 2 од нашите барања:

1. Задржување на Висината на градбите од П+1+Пк (која висина, впрочем така и е предвидена со ДУП – от кој е во важност во моментов , на која треба да додадеме дека треба да се задржи истиот стандард за семејно домување од најмногу 2 семејства. Второ и многу важно скоро сите сопственици од улицата кој се опфатени со ДУПот од 2014 година без нивно знаење им е зголемена катноста , бараат да се намали катноста која не ја побарале во тој ДуП.
2. Влезот од населбата Трнодол нема да се затвара и тој дел ќе биде заштитно зеленило (претходно беше дефинирана како парковско зеленило).

Дел од барања на граѓаните:

–  да не се врши поделба на населбата на два дела и спојување на тие делови со Шпанско село и Жданец врз основа на спорен Регулациски план,

– да не се предвидува сообраќајница низ населбата Трнодол,

– да не се предвидуваат висококатници за колективно домување под ридот на кој е позиционирана населбата со кои дополнително би се загрозила стабилноста на земјиштето и би се зголемила густината на населението без соодветно обезбедени градинки, училишта, болници и паркови и без да се земат во предвид геомеханичките испитувања на теренот и што побрзо општината да издвои средства за санирање и зацврстување на брдото , а дури потоа да направи било каково планирање на просторот, или дозвола за градење во подножјето на Водно.

Оттаму, уште еднаш јавно апелираме градоначалникот Богоев, да гo повлече спорниот ДУП и да донесе одлука за стопирање на било какви градби и издавање дозволи во овој дел на Водно. Понатаму заедно градоначалникот Шилегов да подготви нов регулациски план, елаборат и реализација на конкретни мерки за дополнителна заштита на Водно од поплави и лизгање на земјиштето.

Владата и Собранието да го донесат ветениот закон за стопирање на хаосот во урбанизмот и потоа да се отпочне постапката во која на прво место ќе бидат нашите потреби и барања според гусината на населението и екологијата и безбедноста.

Бараме да се испочитуваат барањата на жителите кои живеат на просторот за кој го предлага ДУП – от, а кои беа доставени до општинските и градските власти и да ја запре спорната постапка за носење на овој урбанистички план, во спротивно ќе се соочи со протести. Веќе се поднесени иницијативата за испитување на уставноста пред уставниот суд, а ќе има уште неколку тужби се до исполнување на нашите барања – бидејќи со таквиот предлог ДУП не се придонесува ниту за правилен, ниту за рамномерен развој на овој дел од Карпош и единствено се создаваат услови за нови висококатници во населбата Козле и дополнително уништување на зеленилото на Водно, со нови градби, преголема населеност, опасност од пожари, земјотреси, клизање на земјиште и поплави како и небезбедна сообраќајна инфрастриктура во Козле и во другите населби.

Извор: Порта 3.мк