вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 29
home Скопје

Жителите од „Трета македонска бригада“ од утрово се без вода, водоснабдувањето ќе се нормализира по полноќ

Жителите од „Трета македонска бригада“ од утрово се без вода, водоснабдувањето ќе се нормализира по полноќ

Поради уличен дефект, жителите на „Трета македонска бригада“ во општина Аеродром од утрината немаат вода.

Од „Водовод и канализација“ вечерва за МИА изјавија дека се работи за поголем дефект и оти според последните информации од терен најверојатно жителите од овој дел на градот вода ќе добијат после полноќ.

Екипи на јавното претпријатие работат на терен за што побрзо да се санира дефектот.

Снабдувањето со вода во овој дел од градот е прекинато од утрината од 10 часот.