сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 0
home Скопје

Жителите од населбата Даме Груев утре ќе ја блокираат улицата Лука Геров: Над 150 куќи се со отсечен пристап, од општина Ѓорче добиваме само лаги и навреди

Жителите од населбата Даме Груев утре ќе ја блокираат улицата Лука Геров: Над 150 куќи се со отсечен пристап, од општина Ѓорче добиваме само лаги и навреди

Жители на улицата Лука Геров од населбата Даме Груев утре ќе ја блокираат улицата со почеток од 12:30 часот.

Како што велат тие, причината за овој протест е тоа што еден месец граѓаните од краците 1,3,5 и 7 се со раскопана улица и секојдневно се уништуваат возилата!

– Ивичњаците се поставени 15 сантиметри над нивото на улицата. ПРИЈАВЕНО Е СЕКАДЕ! Општина Ѓорче Петров, град Скопје и ЈП Улици и патишта! Од таму добиваме само лаги и навреди! Возилата зафаќаат, а некои што се прениски не ги ни внесуваат дома. Над 150 куќи со отсечен пристап, стои во соопштението на жителите од Даме Груев.

Коронавирус